Исчезна уште една малолетничка од Скопје

Триесет и петгодишниот С.Ѓ. од Скопје вчера во полициската станица Аеродром пријавил дека во текот на вчерашниот ден околу 13 часот, неговата 14-годишна ќерка излегла од дома по што и се губи секаква трага и глас.

Неофицијално, малолетничката и претходно била пријавувана за исчезната, односно заминувала, а потоа по одреден период се враќала во својот дом.

Полицијата трага по малолетничката.