Свет

Исчезна за 60 секунди: Одрон „проголта“ имот стар 300 години

Исчезна за 60 секунди: Одрон „проголта“ имот стар 300 години

Четири илјади кубни метри карпи се одрониле и уништиле се’ што им дошло на пат кон подножјето на брдо во местото Трамин во северниот дел на Италија.

Еден поголем одрон во целост срушил штала на имот стар 300 години, за да запре десетина метри подолу.

Сопственикот на имотот рекол дека одронот предизвикал милионска штета. Во целиот хаос за среќа никој не бил повреден.

Целото семејство по одронот било евакуирано, а геолозите веруваат дека на подрачјето му се закануваат нови одрони.