Исчезна жена од тетовско

Триесет и едногодишната М.З. од село Роатинце, Јегуновце вчера во полициска станица била пријавена за исчезната.

Нејзиниот сопруг, Д.З. (35) пријавил дека таа на четиринаесетти овој месец излегла од дома и се оддалечила во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.