Исчезнаа 11 лица во падот на воен хеликоптер во Флорида

Четворица американски маринци и седум војници исчезнаа по падот на хеликоптерот за време на воена вежба во американската сојузна држава Флорида.

Како што јавува „Си-би-ес њуз“, воениот хеликоптер ЦХ-60 Блеквок паднал за време на ноќна воена вежба во базата Еглин.

Исчезнувањето е пријавено околу 20,30 часот по локално време, а остатоците од хеликоптерот се пронајдени околу два часот наутро на блиската плажа која е во сопственост на војската. За сега само се претпоставува дека падот е предизвикан од невремето.

– Уште е прерано да се говори за тоа што ја предизвика несреќата, но во текот на ноќта имаше лоши временски услови – изјави Енди Борланд, портпарол на базата Еглин.