Исчезнаа маж и жена од Чаир

Скопската полиција извести дека започнала потрага по двајца жители од скопската населба Чаир, кои од најблиските се пријавени дека исчезнале.

Вчера после пладне за исчезнат е пријавен И.Р. кој излегол од дома и не се вратил. Час подоцна за исчезната е пријавена Х.С. од Скопје, која ден претходно излегла од дома и не се вратила.