Исчезнаа сведоците кои претходно ги најавуваше Заев

На претпоследниот ден од истекот на рокот Заев не побарал гаранција за безбедноста на било каков сведок ниту пак предложил сведок, иако претходно изјавуваше дека има сведоци. Тој денеска до Јавното обвинителство достави докази кои содржат повеќе од 100 илјади наводни разговори преточени во транскрипти.

Во февруари годинава медиумите блиски до опозицијата пренесуваа дека Јавниот обвинител го прашал Заев – дали постојат сведоци кои ќе потврдат дека прислушувањето е правено во МВР по налог на Мијалков и Груевски, како што е наведено во неговата пријава.

fokus-zaev

За да ги повика сведоците, лидерот на опозиционерите инсистирал да се гарантира безбедност за нивните животи и изворите од МВР кои ќе ја потврдат неговата верзија за прислушувањето, но ниту денес, на претпоследниот ден од истекот на рокот Заев не побарал гаранција за безбедноста на било каков сведок ниту пак предложил сведок.

Дополнително, човекот кој што на јавна сцена во повеќе наврати беше фатен како лаже денес доставил хартија од 100.000 транскрипти за наводни разговори кои не се поткрепени со никаков аудио материјал.

Без никаква релевантна потврда, Заев очекува дека сега јавноста да му верува дека напишаната хартија се веродостојни разговори.