Исчезнала малолетничка од Драчево

Во полициската станица во Драчево, вчера било пријавено дека исчезнала 16-годишната Џ.С. која пред пет дена заминала од дома и повеќе не се вратила.

Како што извести полицијата, случајот вчера го пријавил Н.С.(58), информирајќи дека тинејџерката излегла од дома околу 20 часот, на 28 септември и оттогаш не се вратила.

Полицијата трага по малолетничката.