Исчезнатата малолетничката од Куманово им се јавила на родителите

Седумнаесет годишната кумановка  кое вчера попладне била пријавена за исчезната се јавила на своите родители и им кажала каде се наоѓа, информираат од кумановската полиција.

Повеќе детали за овој случај од полицијата не соопштуваат. Вчера таткото на девојчето 49 годишниот А.К. пријавил во полициската станица во Куманово дека околу седум часот неговата 17 годишна ќерка се оддалечила од дома во непознат правец.