Балкан

Исчезнатата Марина пронајдена мртва во автомобил

Исчезнатата Марина пронајдена мртва во автомобил

Цела Србија денеска се крена на нозе по информацијата дека исчезнала млада девојка.

Потрагата во која се приклучија корисниците на Фејсбук и Твитер за жал има трагичен крај, бидејќи девојката по име Марина која има само 23 години, била пронајдена мртва, по само неколку часа, во автомобил марка „ауди“ со австриски таблички.

Во автомобилот биле пронајдени две безживотни тела, а обдукцијата ќе покаже како настапила смртта.

Телата биле пронајдени во близина на Дунав.