Исчезнатата старлета пронајдена мртва во удрен автомобил

Безживотно женско тело е пронајдено во удрен автомобил марка „голф“, со босански регистарски таблички во канал покрај патот Сремска Рача – Кузмин. Се верува дека телото е на исчезнатата пејачка Слаѓана Гудураш (27).

Пејачката и старлета од Бања Лука исчезна во среда вечерта.

Автомобилот е пронајден покрај опасна кривина која не била обележана со знак и без заштитна ограда, на местото каде поради густата магла видливоста е намалена.

Причините за сообраќајната несреча допрва ќе се утврдуваат.