Исчезнатиот малезиски авион е во Авганистан, а патниците се држат како заложници?

Анонимни извори тврдат дека исчезнатиот малезиски авион е киднапиран, а слетал во Авганистан. Како што јавува „Интернешнел бизнис тајмс“, руските власти оваа информација ја добиле од руски новинар.

„Авионот на ‘Малезија ерлајнс’ на летот МХ 370, кој што исчезна на осми март со 239 патници е киднапиран. Пилотите не се виновни. Авионот ги киднапирале непознати терористи, а знаеме дека едниот од нив се вика Хич. Авионот слетал во Авганистан во близина на границата со Пакистан“, тврди изворот.

Авионот, според овие наводи, слетал на пат во близина на планинските предели во Авганистан, а едното крило му било оштетено. Патниците, наводно, и понатаму се живи, но се соочуваат со недостиг од храна, а сите се заробени.

Дојавата ја добил дописник на рускиот весник „Московски Комсомолетс“.

Изворот наведува дека патниците се поделени во седум групи живеат во колиби. Група од 12 патници, наводно, е пренесена во Пакистан.

Овие информации не се потврдени ниту од малезиските, ниту од кинеските власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.