Исчезнатиот руски фоторепортер е пронајден мртов во Украина

Рускиот фоторепортер Андреј Стењин кој од почетокот на август се води како исчезнат, пронајден е мртов во Украина, соопшти денеска руската агенција РИА Новости за која фоторепортерот работеше.

„Нашиот колега, фотографот Андреј Стењин е мртов. Се испостави дека тој не е заробен, туку загинал пред еден месец,“ изјави директорот на РИА Новости, Дмитриј Кисељев.

Истрагата покажала дека Стењин загинал додека бил на новинарска задача во предградието Снежноје, во регионот на Доњецк кога неговиот автомобил се нашол во заседа на украинската војска, се наведува во соопштението на Рускиот истражен комитет.