Исчезнатите студенти во Мексико прогласени за мртви

Мексиканските истражители ги прогласија за мртви 43-та студенти кои исчезнаа во септември, соопшти државниот обвинител, Хесус Мариљо Карам.

Истражувачите заклучија дека „нема никакво сомнение дека студентите се киднапирани и убиени“, рекол Карам на конференцијата за новинари.

Одлуката е заснована на сведочењата и форензичарските докази, додал обвинителот.

Групата од 43 студенти исезна на 26. септември во мексиканскиот град Игуала, во државата Гереро, откако за време на протест биле приведени од страна на полицијата.

Еден од родителите вели дека властите немаат доволно докази, за родителите да го прифатат ваквиот исход.

-Нема да дозволиме да ја затворат истрагата, вели Фелипе де ла Круз, портпарол на роднините на исчезнатите.

Овој случај предизвика масовни протести во Мексико и реакции од целиот свет.