Исчезнатото девојче од Демир Капија се врати дома

Исчезнатата малолетничка од Демир Капија се вратила дома.

Нејзината мајка вчер се јавила во полиција и информирала дека девојчето е дома. Не се соопштува каде било девојчето кое има 17 години.

Семејството на девојката живее во Шведска и во Демир Капија биле на годишен одмор. Мајката на девојчето била од Македонија.

Девојчето во четвртокот околу 23 часот излегло од дома и ја немало се до вчера вечерта.