Исчистен локалниот пат Маџари-Хиподром-Илинден

Согласно со програмата за работа на Секторот за комунални работи на Град Скопје за одржување на зеленилото на јавните површини, во текот на изминативе денови во координирана акција екипи од Град Скопје, Општина Гази Баба и од Општина Илинден ги искастрија крошните на дрвјата од двете страни на локалниот пат Маџари- Хиподром –Илинден.

Во текот на акцијата работниците извршија кроење и обликување на крошните на дрвјата, отстранувајќи ги старите,заболени и исушени гранки и гранките коишто излегуваа на коловозите и претставуваа опасност за минувачите и учесниците во сообраќајот. За сечење на високите гранки на дрвајата работниците користеа специјално возило со корпа.

Исто така, екипите ги чистеа и паднатите гранки, самоникнатите грмушки и отпадоците од зелените површини од двете страни на коловозот.

Во акцијата со багер беа изчистени и наносите од земја на двете страни на коловозот коишто го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот.

На терен работеа екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „ Комунална хигиена“ и екипи на комуналните претпријатија од Општина Гази Баба и Општина Илинден со околу 30 вработени, а беа вклучени и повеќе специјални возила на јавните претпријатија на трите општини, како што се: возило со платформа за сечење и кастрење на дрвја, како и 6 камиони со кои беа собрани околу 40 кубни метри суви гранки, трева и отпад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.