Исчистен снегот на повисоките места во Центар

Општина Центар го исчисти снегот на повисоките и покритични места. Надлежните служби на општина Центар, веднаш кога почна да паѓа снег, почнаа со расчистување на повисоките и покритичните делови на територијата на општината.

Со два помали и еден голем камион се расчистуваше Тасино Чешмиче, Мало Курило и Долно Водно. Фрлена е неопходната количина сол и улиците сега се чисти.

Службите се подготвени да ја зајакнат механизацијата, доколку во вечерните часови се засилат врнежите од снег.

Centar 4 (1)