петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Исчистете ги мастите од крвните садови со само три состојки

gjumbir-limon

Поврзани вести

Со комбинација на само три состојки можете во целост да ги исчистите артериите и да се решите од масните наслаги во крвта и крвните садови.

Овој моќен еликсир служи за чистење на затнатите артерии (атеросклероза), за регулација на покачените маснотии во крвта, за превенција на општата омалаксаност на организмот, во превенцијата и лекувањето на инфекции и настинки, за зајакнување на имунолошкиот систем, за чистење на црниот дроб и зајакнување на ензимите во црниот дроб како и за сузбивање на слободните радикали во организмот што предизвикуваат голем број сериозни болести.

Состојки:

  • 4 поголеми главици лук (околу 40 чешниња)
  • 4 неизлупени лимони
  • Помал корен ѓумбир или две лажици ѓумбир во прав
  • 2 литри вода

Подготовка:

Измиете го лимонот и исечкајте го на парченца. Доколку лимонот не е органски или е прскан, измијте го раствор од оцет и вода. Излупете го лукот и ставете го во блендер заедно со лимонот и ѓумбирот. Се заедно исмиксирајте така што ќе добиете хомогена маса. Измиксираната смеса ставете ја во метално тенџере, ставете 2 литри вода и зовриете ја смесата.

Штом ќе почне да врие, тргнете ја смесата од оган и оставете да се олади. Процедете ја течноста и чувајте ја во стаклени шишиња (доколку не ви пречи, не мора да ја процедувате).

Примена:

Земајте по една чаша (200 мл) од овој пијалок секој ден, најмалку 2 часа пред оброкот или на празен стомак. Пред секое користење добро протресете го шишето.

Очекувајте дека енергијата ќе ви се врати само за неколку недели, а циркулацијата во целост ќе ви се поправи.

Најчитани вести