Исени од Шкупи мина во Вардар

Македонскиот фудбалски шампион Вардар го ангажираше и второто засилување во летниот преоден рок, откако постигна договор со играчот од средниот ред Бесар Исени, кој во следните три години ќе го носи дресот на „црвено-црните“.
Исени во Вардар доаѓа од екипата на Шкупи.

„Време беше за нов предизвик во мојата кариера. Мислам дека направив правилен избор со тоа што станав дел од Вардар. Клубот секогаш има амбиции да биде на првото место и да освојува титули, а тоа беше една од причините затоа што дојдов тука. Ќе давам се’ од себе на тренинзите да се наметнам кај стручниот штаб и да добијам шанса во екипата на Вардар. Во оваа екипа имам можност да напредувам и да се надоградувам како играч. Од оние кои ги познавам, ми рекоа дека во тимот се работи на високо, професионално ниво. Со нетрпение очекувам да добијам шанса и да играм во Вардар. На крај благодарност до раководството и до стручниот штаб за довербата. Сигурен сум дека ќе бидam добро прифатен од моите нови соиграчи“, изјави новото засилување на Вардар, Исени.

Исени потекнува од фудбалската школа на Шкупи, а има настапувано за помладите селекции на репрезентацијата на Македонија. Тој е второто засилување на Вардар откако првакот се засили со стоперот Висар Муслиу.