Исфрлен ученик бегалец уби седуммина во училиште во Кенија

Ученик исфрлен од училиште поради проблеми со дисциплината убил во саботата со „калашников“ шестмина свои поранешни соученици и обезбедувач во своето училиште во северна Кореја, по што бил линчуван и обесен од разјареното локално населени, соопштија локалните функционери.

Нападот се одиграл во зафрлениот града Локичогио во регионот Туркана, во близна на границата со Јужен Судан.
Во извештајот на кениската телевизиска станица KTN се наведува дека се убиени четири момчиња и две девојчиња, од страна на бегалец чиј идентитет треба да се утврди.

Напаѓачот имал 17 години и потекнувал од Јужен Судан, и бил меѓу илјадниците бегалци кои живеат во Кенија и каде што одат на училиште откако во нивната татковина во 2013 година избувна граѓанската војна.

„Нападот … е болен потсетник за состојбата на несигурност по должина на границата“, објави на Twitter Јосфат Нанок, гувернер на округот Туркана.

Овој регион е преплавен со оружје поради близината на границите со нестабилните соседи, вклучително и Сомалија, каде што милитнатите поврзани со Ал Каеда се борат за соборување на тамошната влада.

Поради крвавите пресметки од Јужен Судан побегнаа речиси два милиона луѓе, што е најмногу на африканскиот континент по геноцидот во Руанда во 1994 година. Речиси 74.000 од нив пребегнаа во соседна Кенија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.