Со исхраната спречете го ракот на дојка

Медитеранската исхрана помага во спречување на ракот на дојката. Ова го покажуваат резултатите од едно италјанско истражување, спроведено врз жените што се избориле со болеста. Докажано е дека кај оние кои имаат исхрана со многу зеленчук, риба и маслиново масло, болеста не се вратила.

Медитеранската исхрана е очигледно штити од рак на дојка, но, можеби тоа го прави секоја секоја здрава исхрана.

Италијанското истражување покажа дека медитеранската исхрана, богата со зеленчук, риба и маслиново масло, го намалува ризикот од рак на дојка. Во истражувањето учествувале вкупно 300 жени кои преживеале рак на дојка. Тие откриле дека кај оние што го применуваат овој начин на исхрана има многу помала веројатност болеста да се врати.

Се повеќе и повеќе студии покажуваат дека исхраната е мошне важна во борбата против ракот. Ова не мора нужно да биде медитеранската исхрана, туку здрава исхрана во целост. Во нашето поднебје медитеранска храна има во изобилство. Свеж зеленчук и овошје, ореви, семки, риба, цели зрна, маслиново масло. Оваа диета подразбира конзумирање на многу малку црвено и обработено месо. Исто така, не треба да претерувате со алкохол.

Студијата беше спроведена во една болница во италијанскиот град Пјаченца. Три години ги следеле состојбите на пациентот. Пациентките биле поделени на оние кои имаат Медитеранска изхрана исхрана, и оние кои се хранат вообичаено.

Во втората група, кај 11 жени за три години болеста се вратила, но кај ниту една од жените кои имале медитеранска исхрана, ракот не се повторил.

Резултатите се објавени во престижниот зборник JAMA Internal Medicine. Од истата може да се заклучи дека со здравиот начин на живот може да се заштитите од многу болести.