Влошена состојбата на Исидора Бјелица

Јавноста се вознемири од статусот кој PR службите го напишаа за српската писателка Исидора Бјелица.

Во статусот пишува дека Исидора не се чувствува добро и дека лекарите и забраниле секаква комуникација со медиумите.

– Исидора моментално не е добро. Лекарот и забрани секаква комуникација со медиумите. Ви се заблагодаруваме од име на семејството на сите кои даваат поддршка и се молат за нејзиното здравје. Целиот живот го посвети на љубовта и естетиката, не размислувајќи на човечката злоба, подмуклост, крутост од која се разболе, со желба да оди во еден подобар свет, но поради своите деца настојува да остане што подолго на овој свет. Добри луѓе, да и дадеме сега мир и да се молиме за неа, стои во соопштението на социјалните мрежи.