понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 16

Исидора Бјелица се избори со болеста: Мојата победа е и ваша! (ФОТО)

Исидора Бјелица со помош на третманите, поддршката од најблиските, како и големиот број обожаватели, успеа да го преброди најтешкиот период од животот.

isidora-bolest-bjelica-bolnica-soopstenie

Поврзани вести

Исидора Бјелица со помош на третманите, поддршката од најблиските, како и големиот број обожаватели, успеа да го преброди најтешкиот период од животот.

По тешкиот период, писателката сподели прекрасна вест на Фејсбук – „Јас сум само една обична мајка, која реши поради своите деца, да не се откажува и да верува во невозможното. Фала ти Господе, фала ви на сите кои се молевте за мене, фала“.

isidora-1

Фотографијата за кратко време собра над 26. 000 лајакови и голем број коментари, па Исидора повторно се обрати со порака – Мојата победа е и ваша, бидејќи без вашата поддршка не знам дали ќе издржев. Ве сакам со сето срце. Ваша Иси.

Само да ве потсетиме, Бјелица три години се бореше со опаката болест и покрај лошите прогнози, издржа лавовски. Исто така, писателката отворено зборуваше за својата болест и тешките периоди, со цел да им помогне на сите оние кои се наоѓаат во слична ситуација.

Најчитани вести