ИСИЛ: Христијаните да си ги избричат главите и да стават црвени ленти околу вратот

Исламскиот проповедник кој врбува нови членови за потребите на групата Исламска држава Ирак и Леванте, Абу Валид (35), за време на собир во Британија најавил дека христијаните ги чека застрашувачка судбина од муслиманите, пишува српскиот весник „Курир“, пренесува Нетпрес.

„Проповедникот за кој се верува да им го ’пере мозокот’ на младите во Британија и ги врбува за терористичката група Исламска држава Ирак и Леванте (ИСИЛ), организирал јавен собир во Кардиф, на кој ги изнел своите планови за уредување на европското општество, откако тоа ќе биде освоено од исламистите. Според неговиот план, христијаните и останатото немуслиманско население ќе бидат јавно понижувани и третирани како граѓани од втор ред“, се вели во текстот.

abu-valid-teroristi-dzihad-1404083790-525775

Угнетување

„На улица, неверниците ќе мора да носат црвен појас околу вратот, да ги избричат главите и да носат искинати чевли. Неверениците нема да смеат да одат по тротоар, туку ќе можат да се движат само по средината на патот и тоа само ако јаваат мулиња“, најавил Абу Валид додавајќи дека христијаните ќе мораат да им ја дадат на муслиманите целата своја убава облека оти ќе смеат да носат само партали.

Исламистите нема да се задржат само на уништување на достоинството, туку во целост ќе го уништат и ќе го преуредат западното општество, заедно со култните знаменитости.

Според ветувањето на Валид, прва на удар ќе биде Велика Британија, и многу наскоро насекаде низ земјата ќе се виорат џихадистички знамиња.

„Ноќната мора на британскиот премиер е тоа дека навечер ќе му провалиме во куќата и таму ќе поставиме калиф, муслимански духовен и свет водач, и ќе го воспоставиме шеријатскиот закон. Нивниот кошмар ќе биде кога на врвот на Биг Бен ќе поставиме знаме на кое пишува: „Нема друг Бог освен Алах“, рекол Валид и дополнил дека на христијаните ќе им бидат оставени црквите, но оти во нив никогап нема да смеат да бијат камбаните.

Британскиот политичар и некогашен борец против тероризмот, лордот Крлајл, порачал дека проповедите на Валид се чист пример на расна омраза.

teroristi-dzihad-1404083790-525771

Говор на омраза

„Неговите зборови се поткопувачки, дискриминаторски, навредливи и се вон здравиот разум. Идеата христијаните да си ги избричат главите и да носат црвени појаси околу вратот, многу потсетуваат на најлошите замисли и постапки на Адолф Хитлер“, рекол лордот Карлајл.

raspnuvanje

Погубување на противниците на ИСИЛ – Јавно распнување на крст

Припадниците на џихадистичката група Исламска држава Ирак и Леванте во Сирија, јавно погубија и распнаа на крст деветмина мажи, од кои осуммина биле бунтовници кои истовремено се бореле и против силите на сирискиот претседател Башар ел Асад и против џихадистите.

Во местото Деир Хафер, на истокот од провинцијата Алепо, припадниците на ИСИЛ брутално ги убиле своите противници, потоа нивните тела ги распнале на крст и ги поставиле на главниот селски плоштад каде сите можеле три дена да ги гледаат. Инаку, во предградијата на престолнината Дамаск, во тек се големи борби меѓу сириските бунтовници и милитантите на ИСИЛ, кои пак, истовремено, се во голема офанзива во Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.