Свет

ИСИЛ наредил обрежување на сите жени

ИСИЛ наредил обрежување на сите жени

Џихадистите кои во текот на јуни завладеаја со значајни делови на ирачката територија, издале наредба сите жени на взраст од 11 до 46 години да бидат обрежани, соопштила денес претставничката на ОН во Ирак.

„Тоа е фатва (указ од верска содржина) на Исламската држава на Ирак и Сирија. Утринава дознавме за тоа“, изјавила Жаклина Бедкок, втора по значење претставничка на ОН во Ирак, пренесе АФП.