Анализи

ИСИЛ сака да го исполни древното апокалиптично пророштво

ИСИЛ сака да го исполни древното апокалиптично пророштво

Екстремистичкото разбирање на апокалиптичното древно пророштво од Пророкот Мухамед за војната на исламската армија, која ќе претходи на крајот на светот, е основа на идеологијата која убијците на ИСИЛ ги прави брутални, пишува Дејли меил.

Илјада и триста години стар хадис (збирка од учења, поуки и изреки на Пророкот Мухамед) зборува за „хорди“ со 80 знамиња која напаѓа на муслиманската војска во градот Дабик во Сирија.

Хадис предупредува на „Малахија“ (муслиманската верзија на христијанската Армагедон), во која муслиманите конечно ќе победат.

Тоа пророштво е камен темелник на идеологијата на ИСИЛ, чии водичи го користат да ги убедат џихадистите да веруваат дека баш ти се оние кои ќе ја исполнат задачата на историјата.

dabik-casopis-foto-printscreen-yt-1412863222-579631

Симпатизерите на ИСИЛ на социјалните мрежи во голема мера ги споредуваат случувањата во Сирија со исполнувањето на пророштвото дека „малахија“ се приближува, особено кога џихадистите во август го освоија Дабик. Сега името на тој град стана симбол на победата на исламот во војната против Западот. Оваа терористичка група дури има и списание „Дабик“, во кое пласира свои екстремистички верувања и слави победа.

Поддржувачите на ИСИЛ се убедени дека пророштвото ќе се исполни.

dabik-foto-printscreen-twitter-1412862658-579630

„Дабик сигурно ќе се оствари. САД и нејзините сојузници ќе ја нападнат Сирија кога ќе согледаат дека нивните воздушни напади им пропаднаа. Тоа го ветија Бог и Неговиот Пратеник.“ пишува муслиман на Твитер.

Исламските лавови ќе развијат калифат во Дабик. Ќе го чекаат доаѓањето на армијата на крстоносците, пишува еден жител на Тунис.

Сади Хамид, соработник на Институтот Брукингс вели дека ИСИЛ го потенцира овој хадис бидејќи го „зголемува моралот“.

Точно е да се претпостави дека огромно мнозинство на борци (ИСИЛ) навистина верува во тоа, вели тој.

kobane-dim-foto-printscreen-yt-1412838603-579471

Почетокот на инвазијата на војската на кртоносците се баш воздушните напади кои меѓународната коалиција под водство на САД ги врши на целите на ИСИЛ во Ирак и Сирија. И денес стигна вест дека САД и Британија предупредуваат дека воздушните удари не се доволни за да се спречат исламските фанатици.

„Како што на почетокот реков, ова не е нешто што ќе се реши преку ноќ“, изјави американскиот претседател Барак Обама.

Древниот хадис кој е духовна храна за екстремистите, доживеа бројни измени во текот на повеќе од 1000 години, но во сите негови верзии едно е непроменето: борба помеѓу муслиманската и „неверничката“ војска.

abu-musab-al-zarkavi-foto-reuters-1412862402-579628

Исламските пророштва се основа на идеологијата на сите муслимански, терористички и екстремистички организации – исто било и со Ал Каеда во Ирак, додека ја водел Абу Мусаб ал Заркави, убиен во 2006 година во американски воздушни напади. И Ал Заркави се повикувал на овој хадис.

„Пламна искра во Ирак и нејзиниот пламен ќе се јакне додека не изгори крстоносната војска во Дабик“, рече тој во една прилика.