ИСИЛ со закана до Македонија по акцијата за апсење на нивни членови

САД: Исламска држава ја губи битката
САД: Исламска држава ја губи битката

По акцијата „Ќелија“ во која беа уапсени девет лица кои учествувале во војните во Ирак и Сирија или имаат било каква поврзаност со групацијата Исламска држава или пак регрутирањето борци за странски боишта ИСИЛ со закана до Македонија.

Под лажно име и од лажен профил на социјалните мрежи извесен Сејфедин Ал Албани ги повика Албанците да се подготват за борба. Според пишувањата на албанските медиуми текстот на албански јазик е реакција на големата анти терористичка акција која македонското МВР ја реализираше минатат недела и во која беа приведени 9 лица осомничени дека биле соработници на најголемата терорирстичка организација Исламска Држава, пишува Сител.

Како што пренесува Сител, Ал Албани посочува дека е дојдено времето за реакција на ИСИЛ на Балканот, посебно во Македонија.

Како можете мирно да спиете кога знаете дека вашите браќа се малтретирани, а нашите сестри се силувани во ѕверските затвори на Балканот? Ги заборавивте варварските војни на Словенските Крстоносци? Дали тоа не беа истите Крстоноси кои го направија хророрт во Косово и Куманово? Затоа придружете се и станете тврдина на вашата вера. Придружете се и донесете им терор на Крстоносците и нивните поддржувачи!, стои во допсиот објавен на социјалните мрежи.

Албанските меидуми пишуваат дека најверојатно станува збор за албански државјанин кој е дел од Исламска Држава и учесник во борбите во Сирија.

Заканата упатена од Ал Албани ја проверуваат и во МВР. Очекувано е велат по акцијата да следуваат вакви закани и истите се примаат со најголема сериозност. Полицијата го проверила идентитетот на лицето кое е подтпишано во писмото, но не минува во евиденцијата на МВР.

Не е прв пат да стигнуваат вакви закани. Слична порака и повик за борба упатуваа и дел од припадниците на терористичката група која беше разбиена во Куманово. За последниот слулчај македонското МВР побарало помош во откивање на идентитетот на испраќачот и од безбедносните служби во соседството, пишува Сител.