ИСИС доби листа на војници кои треба да се ликвидираат

Групата „Исламска држава“ објави на интернет список на 100 американски војници, што треба да бидат ликвидирани, пишува весникот „Република“, пренесе МИА.

Списокот е објавен на џихадистички веб страници и на него се претставени 100 американски војници што учествуваат во борбите против групата. На списокот војниците се претставени по име и презиме, со нивни фотографии и адреси.

ИД тврди дека хакерскиот оддел на групата ги украл податоците за војниците од компјутери на Пентагон.