ИСИС им постави ултиматум на христијаните

ИСИС им постави ултиматум на христијаните
ИСИС им постави ултиматум на христијаните

Самопрогласената Ислмска држава, издаде повеќе ултиматуми за христијаните на својата територија, нудејќи им три можности: Да прејдат во ислам, да потпишат договор за однесување или да се иселат.

Како што пренесуваат сиријските извори, исламистите им поставле ултиматуми на христијаните кои живеат на територијта која што ја контролираат, а еден од нив нив е плаќање данок за немуслимани.

„Договор за безбедност“ кој го составл лидерот на ИСИС, Абу Бакар ал-Багдади, содржи заповеди кон кои сите христјани мора да се придржуваат.

Забрането е: Градење на цркви, изложување на христијански симболи, како и христијански молитви пред муслимани, подривање на Исламската држава, поседување на оружје, трговија со свинско месо и вино, „сокривање“ на шпиони….

ИСИС објавиле и низа фотографии на кои се прикажани десетина христијани кои одлучиле да го потпишат договорот и да платат данок за немуслимани.

Џихадистите ветиле дека ќе го заштитат имотот на христијаните, кои нема да треба да прејдат во ислам и ќе останат безбедни, додвајќи дека тие кои нема да ги исполнат договорите, ќе бидат третирани како борци.
Наводно, ИД им ги одземала на христијаните личните исправи.

Ал Каријатајин има околу 40.000 жители, вклучувајќи ги сунитските муслимани и христијани.