Свет

ИСИС монтирале камери на оружјето за да ги снимаат последните минути живот на убиените

ИСИС монтирале камери на оружјето за да ги снимаат последните минути живот на убиените

Припадниците на Исламска држава (ИСИС) стојат зад некои од најужасните методи на погубување, како отсекување глави на заробениците и фрлање од покриви на згради. Сепак, последното во низата на убиства достигна ново ниво на изопаченост, пишува Дејли мејл.

Имено, терористите на автоматското оружје монтирале камери, за од прво лице да ги снимаат последните моменти од животите на своите жртви.

is1-630x354

Овие шокантни снимки се забележани на околу 70 километри северно од Тикрит, каде исламистите водат жестоки битки со над 30.000 ирачки воени припадници.

На фотографиите се гледаат група заробеници со врзани очи како клечат и вриштат додека исламистите им ги држат пушките потпрени на главите.

Снимките и фотографиите биле постирани на Интернет, а ги објавиле луѓе блиски на ИСИС. Набрзо се прошириле по голем број сајтови што промовираат тероризам и навиваат за злосторствата на Исламска држава.

is2-630x400