ИСИС може да има потешкотии ако се нападне од повеќе страни

Целиот свет е згорзен од начинот на кој војува ИСИС.

Обезглавувања, масовни егзекуции, деца со пушки меѓу нивните редови, мобилност и безмилосен третман на противниците, со крајна цел, како што изјавуваат тие: Исламска држава во која ќе владее шерјатското право.

Сепак, последните анализи на „способности и тактики“ укажува на тоа дека ИСИС почнува да претрпува неуспеси на бојното поле, пишува Си Ен Ен.

„ИСИС е дефанзивна сила, па според тоа таа може да се ослабне и да има потешкотии да опстане доколку биде нападната од повеќе точки истовремено“, изјавил Михаел Најтс, кој работел во Ирак а денес е соработник на Институтот за блискоисточна политика во Вашингтон.

Имено, воените аналитичари тврдат дека „успехот“ на ИСИС до сега опстојува поради слабоста на неговите противници и дека мора да бидат нападнати од повеќе точки истовремено.