ИСИС обезглавија либански војник

Милитантите од Исламската држава обезглавија заробен либански војник, покажуваат фотографиите објавени на социјалните медиуми.

Ова е втор либански заробен војник кој е убиен од исламистите откако организацијата упадна во либански граничен град минатиот месец.
Убиениот е дел од групата од 19 војници кои се водат за исчезнати од нападот врз градот Арсал.

Исламската држава неодамна обезглави двајца американски новинари.