ИСИС поопасна од Ал Каеда

Поранешниот џихадист и припадник на Ал Каеда, кој подоцна стана шпион за британската разузнавачка агенција МИ6 Ајмен Дин, изјави дека милитантната сунитска исламистичка група Исламска држава (ИД) е поопасна од Ал Каеда и од нејзината мрежа.

Во разговор за Си-Ен-Ен,Дин вели дека заканата од ИД е поголема, затоа што џихадистите од оваа група настојуваат да го растурат мирот меѓу Истокот (исламските земји) и Западот, создавајќи недоверба и нетрпеливост меѓу муслиманите и западните граѓани (Европејците и Американците).

Изјавата на овој некогашен џихадист, кој на џихадизмот му се приклучил учествувајќи во војната во Босна, во 1994 година, борејќи се како доброволец за да се заштитат локалните муслимани, доаѓа по откритието дека многу млади студенти по медицина заминуваат во редовите на ИД за да работата како медициски персонал или како лекари за џихадистите кои војуваат, но и за помагање на населението, на териториите што сега е под контрола на оваа оваа исламистичка група.

Најголем број од младите медицинари во ИД доаѓаат од Велика Британија и САД, но и од други земји во Европа, како и од Блискиот Исток. Тие нема да се вклучуваат во војувањето, но сепак стануваат припадници на ИД.

Дин вели дека таквата информација не го изнендадува, затоа што на џихадистите се повеќе им се потребни вакви кадри, како и воопшто, образовани и обучени луѓе затоа што ИД се уредува како „општетство поставено и уредено на шеријатското право“ според новото сурово толкување на сунитскиот ислам, а не како група или како организација (како што тоа беше и се уште е Ал Каеда).

Според овој поранешен муџахедин и џихадист кој успеа да се нареди во врвот на хиерархијата на Ал Каеда, лидерите на ИД ги намамуваат младите муслимани да им се приклучат преку видео снимките и припагандата на интернет затоа што Исламска држава е повеќе духовна отколку религиозна група.

– Таа не им нуди ништо на младите, освен исламската религија, привлекувајќи за себе разни психопати кои таму наоѓаат уточиште„-вели Дин.

Зборувајќи за себе, тој вели дека терористичките напади врз амбасадите на САД во Кенија и Танзанија, во 1998 година биле пресудни да се дистанцира од Ал Каеда и да прифати да работи за МИ6 како разузнавач.внатре во оваа организација.

Нападите требаше да им наштетат на американските државни интереси, а не загинаа ниту десетина Американци и некој од високите дипломатски ешалони, туку неколку стотици „обични луѓе“. Стануваше збор за огромна колатерална штета но кога тогашниот имам во Ал Каеда ми најде „оправдување“ за тоа-една фатва од пред 600 години-решив да побегнам од луѓето со кои до тогаш работев-објаснува Ајман Дин.

За себе вели дека помогнал спречувајќи голем терористички напад во њујоршкото метро со отровен гас, пуштен во системот за вентилација, како и бомбашки напад на британска територија, од бомбаши самоубијци.

Тој смета дека западните тајни служби сега мора да обезбедат свој човек еден или неколкумина во редовите на ИД, онака како што МИ6 го искористи него како „британски човек“ во срцето на Ал Каеда.

Таквите „информатори“ мора да се најдат меѓу оние млади кои сега и се приклучуваат на ИД, слепо верувајќи во нивната идеологија, како што се медицинарите, лекарите и другите стручни лица за кои џихадистите имаат потреба, советува Ајман Дин, шпионот кој дојде од Ал Каеда.