ИСИС прогласи калифат- креира нова држава!

Терористичката организација Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИС или ИСИЛ) објавила дека креирале нова исламска држава во подрачјата кои ги држат под контрола и побарале оданост од сите муслимани ширум светот.

Сунитската милитантна група го прогласила својот лидер Абу Бакра ал Багдадија за калиф, односно „поглавица“ на државата која, како што рекле, се протега од Алепа во Сирија до Дијал во Ирак.

Портпаролот на ИСИС Абу Мухммад ал Аднани во аудио снимката на првиот ден на Рамазан рекол дека нивниот лидер имамот и калиф за муслиманите ширум светот.

„Неговото владеење се проширило на широки подрачја на Ирак и Левант. Земјата под неговото водство се простира од Алеп до Дијал“, рекол тој. Додал дека легалитетот на сите емирати, групи и организации се поништува во оној момент кога новиот калиф доаѓа на нивната територија. Борците на ИСИС го превземале ирачкиот град Мосул минатиот месец во молњевита акција и напредувале кон Багдад.

Тој упатил повик до муслиманите: „Слушајте го калифот, слушајте го. Подржете ја вашата држава која расте секој ден.“

Во Сирија завземаа територија на северот и истокот покрај границата со Ирак.

ИСИС ова го објави во време кога ирачката влада се бори да ги врати своите територии кои се превземни од оваа група.