ИСИС пушта бомби со скорпии во селата во Ирак

Милитантите од Исламска држава во Ирак лансираат бомби што содржат живи скорпии, како најново терористичко оружје.

Канистрите со овие суштества се фрлаат во градовите и селата, вели британски воен експерт што тукушто се вратил од земјата.

Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен шеф за хемиско и биолошко оружје за британската војска и за НАТО, вели: „Тоа е лудост. ИСИС има импровизирани уреди за нивно лансирање.“

„Тие го промовираат фактот дека го прават тоа и со тоа предизвикуваат паника. Скорпионите се издржливи – дури и ако ги лансирате неколку километри подалеку, кога канистерот ќе се распадне, илјадници скорпии излегуваат и почнуваат да ползат секаде наоколу. Некои скорпии се мошне отровни, но главната работа е создавање страв.“

Тој вели дека полуметарските бомби не предизвикуваат масовни жртви, но имаат масовно „психолошко влијание“.

Де Бретон-Гордон, од „Авон системи за заштита“, минатата недела се вратил од Багдад, каде што ги советувал безбедносните сили.

Висок ирачки официјални лица информираат дека ѕверовите се користат во цивилни области во северниот дел на земјата.

Ова оружје потсетува на скорпиите што Ирачани пред илјадници години ги ставале во саксии и ги лансирале – во 198 година п.н.е., бранејќи се од римската инвазија.