ВИДЕО: ИСИС се заканува со акции и на Балканот

Албанските медиуми објавија содржина на едно видео каде членови на ИСИС се заканауваат на земјите од Балканот.

-Упатуваме порака на сите оние кои почитуваат друг господ освен Алах во Албанија, Косово, Македонија и целиот Балкан. Немојте да мислите дека ние ги имаме заборавено сите штети што ги вршите врз муслиманите. Немојте да мислите дека ние ги имаме заборавено оние кои се непријатели на Алах. … Ние ќе ви дојдеме со бомби.

Овие закани се упатени во видеото на албански јазик од членови на ИСИС со имињата Абу Билкис (Ал Албан), и Абу Микатил (Ал Косова).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.