Висок член на ИД е убиен во Сирија

Американската армија соопшти дека висок член на ИД е убиен во Сирија, при воздушен удар на коалициските сили.

Тој помагал за собирање средства и транспорт на оружје и доброволци за групата.

Во удар на 16 јуни бил убиен Тарик бин Тахар ал Харзи, соопшти Пентагон.

Тој е брат на друг екстремист поврзан со нападот врз дипломатската мисија на САД во Бенгази во 2012 година.

Претходно Пентагон соопшти дека братот на Харзи бил убиен во американски воздушен напад врз Мосул на 15 јуни.