четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Ископан најголем дијамант во последните 110 години

дијамнт

Поврзани вести

На екипата од канадската компанија „Lucara Diamond Corpa“ и се насмеа среќата кога пред неколку недели во еден од нивните рудници во централна Боцвана е пронајден џиновски проѕирен дијамант, многу брзо прогласен за втор најголем во историјата и најголем во изминатите 110 години.

Тежината на дијамантот е неверојатни 1.111 карати (222 грама) со димензии од 65 мм х 56 мм х 40 мм. Се работи за дијамант од втора класа, втора најретка и најценета категорија, а неговата судбина засега е непозната.

Сепак, бидејќи времињата на гломазни дијаманти во едно парче се работа на минатото, се верува дека ќе биде  поделен на повеќе мали сегменти и продаден за голема сума пари.

На поголем број ископани дијаманти тежината им е само неколку карати, но подрачјето каде е пронајден овој примерок е исклучително богато.

Само во тој ист рудник (Карове) во 2013 година пронајдени се два примероци од по 200 карати, така што сопствениците со право можат да се надеваат на полна вреќа капиталци.

Од друга страна, тешко е да се очекува дека некогаш ќе биде надминат рекордот, познатиот Кулинан дијамат од 3.106 карати ископан во 1905 година во јужноафриканскиот рудник Премиер.

Најчитани вести