Искористете ги добрите аспекти: Меркур ви носи среќа!

Пред една недела Меркур влезе во Близнаци и ќе биде таму до почетокот на јули. Тој носи брза, подвижна, вешта и лукава комуникација, изострена перцепција, силна логика, нагласена љубопитност, лесно поврзување со другите и потреба за учење.

Во раце може да „ви паднат“ книги од разни подрачја, а секое знаење и информација може да ви послужат.

Постојат изгледи дека ќе извршувате повеќе работи истовремено, а можно е да добиете и хонорарна работа или само дополнителен ангажман на работното место. Ќе се бараат брзина и спретност, досетливост и итрина. Обврските ќе се трупаат, распоредот е полн со договори, потсетници, ќе одите низ канцеларии и шалтери , а со мобилниот на уво ќе трчате од една до друга страна во градот и попатно ќе договарате термин кај лекарот или ќе завршувате нешто за вашето дете.

Денес бидете сконцентрирани затоа што лесно се создава хаос и неред со несакани последици. Секако треба да бидете внимателни во комуникацијата, трговијата, прометот, а се бара почитување на роковите, дисциплина и одговорност. Децата и младите се љубопитни и разиграни – испитуваат, истражуваат, се натпреваруваат во знаењето, се играт. Слично е и кај возрасните, стануваат пољубопитни, побрзи, повешти, а тоа од нив ќе го бараат и околностите.

Лесно се преговара, договара, се тргува, нема многу филозофирање, се е кратко, јасно. Со леснотија се доаѓа до практични информации: каде што треба да купите, да продадете или како да дојдете до некоја локација, личност, совет. Сега е поволно време за решавање и завршување на разни работни обврски и дејствија за кои што се потребни било какви хартии, документи, регистрации, поправки, пријави, одјави.

Ова е раздобје на леснотија и проодност во сите сфери во кои што владеат Близнаците, особено околу 27-ми јуни 2016-тата година кога Меркур ќе направи секстил со Уран, што сето тоа дополнително ќе го забрза, ќе направи пресврт, па тогаш има уште поголема можност за промени, а се оди брзо. Сега е време за движење, смеа, дружење или запознавање на нови луѓе, се спонтано – на поминување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.