Искористете го денот, времето денеска сончево

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде особено изразен долж Повардарието и во источните делови и ќе услови особено расчистување на маглата.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а ќе се искачи до 20 степени.

Во недела и почетокот на наредната седмица ќе се задржи претежно сончево време со пониски утрински температури.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.