Искрена поддршка од Мурињо за Сидорф и Маѕари

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Жозе Мурињо јавно застана во одбрана на новите тренери на италијанските калчо гиганти Милан и Интер, Кларенс Сидорф и Валтер Маѕари.

Трофејниот португалски стручњак ги потцети сите фудбалски стручњаци дека и Маѕари и Сидорф имаат потреба од време и нормално од голема поддршка, како од клупските челници, така и од најверните фанови на Милан и Интер.

„Јас верувам и во Маѕари и во Сидорф. Двајцата имаат потреба од време, двајцата имаат потреба од подршка, како од клупските челници, така и од најверните фанови на Милан и Интер. Мора да бидеме искрени, двајцата немаат на располагање тим со многу квалитетни фудбалери. Не можат да изградат светски тим за само неколку месеци. Имаат потреба од време и подршка. Јас сум голем фан на Интер и цел живот ќе бидам фан на Интер. Маѕари заслужува поголем респект. Нормално дека не сум фан на Милан, но многу го почитувам тој клуб, ја пожитувам нивната историја. Се надевам дека Сидорф ќе добие шанса да работи во мирна атмосфера и дека ќе го врати Милан на победничкат патека. Италијанскиот фудбал има потреба од силни милански клубови”, изјави Португалецот.