четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Искршени стаклата на штабот на СДСМ во Арачиново

Во скопското село Арачиново утрово во околу пет часот се оштетени прозорските стакла на штабот на политичката партија СДСМ.

штабот

Поврзани вести

Министерството за внатрешни работи информира дека  И.Ф. од село Арачиново пријавил дека возило непозната марка кое поминувало пред неговата куќа, непознати лица фрлиле разни предмети со кои искршиле четири прозорски стакла од долниот кат на куќата, каде е сместен Штабот на политичката партија „СДСМ“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести