Искршено стакло од штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

Ноќеска е искршено стакло на штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, информираат од кавадаречката полиција.

– Во временскиот период од 22:00 часот на 18.11.2016 година до 09:00 часот  на 19.11.2016 година, на ул.„Пиринска“, од страна на непознат сторител било скршено стакло од канцеларијата на ПП-ВМРО-ДПМНЕ, која е сместена во просториите на Месната заедница „Задругар“, соопштија од полицијата.

Надлежни екипи вршат увид на местото на настанот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.