Искршена влезна врата од црква во Демир Хисар

На 27/28.11.2014 година во црквата Св.Никола во с.Вардино – Демир Хисар, непознат сторител го скршил цилиндерот од влезната врата од тремот на црквата, влегол внатре и по извршено пребарување од иконите и касата за продажба на свеќи одзел околу 3.500 денари по што го напуштил лице местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.