Искршени прозорци на објектот на општина Прилеп

Административниот објект на општина Прилеп, утрово е вандализиран. Според неофицијални информации, револтиран граѓанин со лопата ги искршил прозорците  влезнта врата на зградата.

Во моментот полицијата врши увид на терен, а повеќе детали за случајот се најавуваат за подоцна.

Според информација од Магдалена Димитриевска, портпарол на СВР Битола, полицијата го привела Н.Т. (22) од Прилеп, кој бил во алкохолизирана состојба со 1,67 промили во крвта. Тој утрово околу 7 часот ги искршил стаклата на вратите и на големите прозорци од предната и едната страна на новата општинска зграда во Прилеп.

prilep-1.jpg-500

prilep-2.jpg-500

prilep-3.jpg-500

Во инцидентот нема повредени, а дополнително ќе се утврдува колкава е материјалната штета.