Спорт

Искуството главно оружје на Гана

Искуството главно оружје на Гана

Искуство треба да биде главното оружје на фудбалската репрезентација на Гана кога е во прашање престојниот Мундијал во Бразил.

Предводникот на „црните ѕвезди”, Квеси Апиа го соопшти конечниот список со 23-фудбалери, во истиот имаше место за искусните ѕвезди од калибарот на Михале Есиен, Сулеи Мунтари, Асамоа Гиан, Џонатан Менсах, Квадво Асамоа, Андре Ајев и за Кевин Принц Боатенг.

Репрезентацијата на Гана ќе се натпреварува во групата „Г”, каде за противник ги има селекциите на Германија, Португалија и САД.

СОСТАВ:

ГОЛМАНИ: Дауда (Орландо П.), Кварасеи (Стромгосет), Адамс (Адуана).

ОДБРАНА: Инком (Платаниас), Опаре (Порто), Афул (Есперансе), Боие (Рен), Менса (Евиан), Сумалиа (Сундонс).

СРЕДЕН РЕД: Есиен (Милан), Мунтари (Милан), Мохамед (Кубан), Асамоа (Јувентус), Баду (Удинезе), Аква (Парма), Атсу (Витезе), Адомах (Мидлзбро), Ајев (Марсеј), Вакасо (Рубин).

НАПАД: Гиан (Ал Аин), Боатенг (Шалке), Варис (Валенсиен), Ј.Ајев (Сошо).