Искуството на Челзи главен проблем на Гвардиола

Предводникот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола, призна дека нема да биде толку задоволен доколку за противник во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони го добие лондонскиот премиерлигаш Челзи.

“Искуството е најсилното оружје на Челзи. Секоја година се дел од самата завршница во Лигата на шампиони, а Мурињо има на располагање многу искусни фудбалери, тука мислам на Чех, Тери и Лампард. Повеќе сакам кога играме против тим кој сака да се надигрува, кој негува офанзивен стил на игра, а не кој повеќе мисли на својот отколку на противничкиот гол. Манчестер Јунајтед се бранеше со осум фудбалери во својот казнен простор, но ние бевме трпеливи, знаевме дека ќе добиеме шанса да го загрозиме противничкиот гол. Точно дека имавме многу среќа во одредени ситуации, но заслужено обезбедивме пласман во следната рунда. Среќен сум поради победата и многу сум горд на моите фудбалери, изјави трофејниот шпански стручњак.