Исламисти „вежбале Џихад“ во Стразбур

Седум лица биле упасени вчера во Стразбур, откако било пријавено дека „вежбаат на улица со лажно оружје“, јави дописникот на МИА од Париз.

Групата вежбала боречки вештини, но и со лажни автоматски пушки. Кога полицијата пристигнала, тие ги пречекале со извици „неверници“, тврдејќи дека сакаат да вежбаат за да „ги одмаздат нивните браќа муслимани загинати под куршуми“ и дека полицајците „ќе горат во пеколот“.

Во отсуство на кривично дело или прекршок, ниту едно од упасените лица не беше притворено.

Според француските медиуми, станува збор за „провокација“ ,француските тајни служби сепак започнале истрага.