Исламисти во БиХ планирале терористички напад на 31 декември (ВИДЕО)

Исламисти во БиХ планирале терористички напад на 31 декември
Исламисти во БиХ планирале терористички напад на 31 декември

Членовите на групата радикални исламисти, кои беа уапсени оваа недела во Сараево планирале смртоносен напад во градот на 31 декември со цел да убијат колку што е можно повеќе луѓе, изјави босанскиот државен обвинител Дубравко Кампара.

Обвинителството одлучи вчера да побара едномесечен притвор за осуммина од 11 лица, кои беа уапсени на 22 декември. Државниот суд денеска го прифати тоа барање.isis

Кампера објаснувајќи го барањето за притвор изјави дека првпат имало потврдена информација за планиран терористички напад ноќта спроти Нова година.

Според него има докази, кои покажуваат дека уапсените планирале напади, со кои би можеле да убијат над сто лица.

Уапсените планирале да постават експлозив под полициски автомобил на место, каде се собираат многу луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.