Исламистичката „Ал Шабаб“ се закани со нови напади во Кенија

Исламистичка група „Аш Шабаб“ од Сомалија денеска повторно се закани со нови крвави напади во Кенија, откако во четвтрокот уби речиси 150 лица во колеџот „Гариса“.

– Никакви мерки за безбедност и акции нема да можат да гарантираат безбедност, да спречат друг напад или да спречат ново крвопролевање во вашите градови, се закани групата „Аш Шабаб“.

Никаде повеќе нема да има безбедност за Кенијците, додека нивните војници се во Сомалија, изјави вчера портпаролот на групата шеих Али Мохамуд Раге за пробунтовничкото радио „Андалус“.

Околу 20.000 кениски војници учествуваат во силите на Африканската унија, кои помагаат на сомалиските власти во борбата против исламистите.