Исламистичката ИСИС се закани: Нема да има СП во Катар!

Екстремистичката исламска организација ИСИС и се закани на ФИФА дека нема да има СП во фудбал во Катар во 2022 година.

Во писмото членовите на ИСИС го предупредуваат Блатер дека до 2022 Катар ќе биде дел од Калифатот  каде корупцијата не е добродојдена и затоа СП во Катар нема да има.

„ Ве советуваме  да пронајдете нова држава која ќе биде домаќин на СП во таа година. Да знаете дека имаме проектили СЦУД кои лесно ќе го досегнат Катар а тоа е податок  кој американците веќе го знаат“ – стои понатаму во писмото.

ФИФА наводно сериозно го сфатила ова писмо со предупредување . Можеби Блатер ќе го искористи за да го откаже шампионатот во Катар за кој рече дека бил голема грешка.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.